навалица

мн. навалици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 12780
1. Голема толпа луѓе, турканица, мешаница.
Англиски: crowd Албански: turmë
Примери:
Од навалица не се влегува.
Навалица од патници.
2. Душевна оптовареност, обземеност.
Англиски: rush Албански: turrje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Навалица на разни мисли.
Навалица на идеи.
Навалица на спомени.
Навалица на грижи.