набрка

набркаат; набркал; набркан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 16742
1. Истера од некаде, избрка.
Англиски: chase away Албански: ndjek, largon
Примери:
Набркај го кучето од дворот.
Ги набркале од селото.
2. Отпушти од работа, од организација и др.
Англиски: fire Албански: lëshoj, braktis
Употреба: Економија , Разговорно
Примери:
Ако те набрка мајсторот, јас ќе те примам.
Го набркале од партијата.