навечер

Вид збор: Прилог
Ранг: 1313
Во вечерно време, кога е вечер (обично секоја вечер, секоја определена вечер).
Англиски: evenings
Примери:
Тргнал навечер преку планината.
Во саботата навечер му дојдоа на гости.
Навечер селаните им се радуваа на децата.
Навечер читаме книги.
Се враќаа навечер преморени.
Се збираа навечер да поразговараат.