идол

мн. идоли
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 7455
1. Предмет, фигура што е симбол на виша сила, и поради тоа е предмет на обожување.
Англиски: idol Албански: idol
Употреба: Религија
Примери:
Не прави идол или слика на она што е горе на небото.
Статуата се крши на парчиња, идолот се симнува од пиедесталот.
Стојам како дрвен идол без здив.
2. Лице што е обожувано, почитувано, на кое се гледа како идол.
Англиски: idol Албански: idol
Примери:
Тој стана идол на младите.