лагер

мн. лагери
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 21273
1. Машински дел во кој се врти крајот на оската во определена положба.
Англиски: bearing Германски: Lager Албански: kushinetë
Употреба: Технологија
Примери:
валчести лагери
сачмени лагери
2. склад, магацин
Англиски: stock Албански: depo
Употреба: Економија
3. општественополитичко групирање
Англиски: camp Албански: kamp, kampus
Употреба: Политика
Примери:
лагер на мирот
Изрази
Има на лагер - може да се добие, го има во складот.
Социјалистички лагер - Земјите под водство на Советскиот Сојуз.