куртули

куртулат; куртулам, куртуиш; куртулил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6466
1. Спаси, најде спас.
Англиски: rescue Турски: kurtulmak Албански: shpëtoj, kurtalis
Употреба: Разговорно
Примери:
Ги куртули парите од пожарот.
Од тешко да не куртулиш!
Од едни куртули, на други нагази.
2. (се куртули) се спаси
Англиски: save Албански: shpëtoj, kurtalis
Примери:
Се куртули од маките.
Изведенки
1. куртулува несв.
куртулуваат
2. куртулување ср.
глаг. им.