котел

мн. котли
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5523
1. Голем метален сад за готвење или за греење вода со тркалезен облик, со широко дно и рачка одозгора за закачување.
Англиски: kettle Албански: kazan
Примери:
Виси котелот над огништето.
2. Затворен сад во којшто водата со загревање се претвора во пареа.
Англиски: kettle Албански: kazan
Употреба: Технологија
Примери:
Парен котел.
Изрази
Врие како во котел - има голем метеж, голема мешаница.
Изведенки
1. котле ср.
мн. котлиња
дем. и хип.
2. котленце ср.
мн. котленца
дем. и хип.
3. котлиште ср.
мн. котлишта
аугм. и пејор.