космополитизам

(едн.) космополитизмот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 18056
Политичко уверување според кое човекот треба да гради хумани општочовечки односи без оглед на националните, верските и државните граници.
Англиски: cosmopolitism
Примери:
Патриотизмот и космополитизмот не се исклучуваат заемно.
Тој беше разочаран што космополитизмот на големата хуманистка бил засенет со потенцирање на нејзиното потекло.
Изведенки
космополитски прид.
космополитскиот
Што се однесува на космополит и на космополитизам.
Пример: космополитски дух