вознемири

вознемират
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3613
1. Предизвика кај некого нервоза, немир, страв.
Англиски: disturb Албански: shqetësoj
Примери:
Ги вознемирил луѓето со својата приказна.
Мајката шепотеше за да не ги вознемири децата.
2. (се вознемири) Стане немирен, неспокоен; се исплаши.
Англиски: disturb Албански: shqetësohem
Примери:
Селаните се вознемирија од неговите зборови.
Кучињата се вознемирија и јурнаа кон бачилото.
Изведенки
1. вознемирува несв.
(се) вознемируваат
2. вознемирување ср.
мн. вознемирувања
глаг. им.
Пример: Секојдневните вознемирувања си влијаеја на нејзиното здравје.