покана

мн. покани
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3578
1. Повик, молба за присуство, учество во нешто (свеченост, седница, конференција, собир).
Англиски: invitation Албански: ftesë
Примери:
Од нив имавме отворена покана за посета.
Покана за отворање на изложба.
2. Напечатен текст со соодветна содржина со кој се поканува.
Англиски: invitation Албански: ftesë, thirrje
Примери:
Поканите за свадба беа многу луксузни.
Беа отпечатени двесте покани.
3. Писмен повик за извршување некаква обврска.
Англиски: summons Албански: thirrje
Употреба: Правда
Примери:
судска покана
покана за вакцина
покана за имунизација