оневозможи

оневозможат; оневозможил; оневозможен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6979
1. Направи да биде нешто невозможно, спречи нешто да се случи.
Англиски: prevent Албански: pamundësoj, parandaloj
Примери:
Тој ги презеде сите мерки за да оневозможи секакво бегство.
Се обидуваа да го искористат случајот и да ја оневозможат конференцијата.
2. Спречи некого во некоја намера, работа итн.
Англиски: prevent Албански: parandaloj
Изведенки
1. оневозможува несв.
оневозможуваат
2. оневозможување ср.
глаг. им.