никој
никого
Вид збор: Заменка
Ранг: 166
1.
(неопр. зам.) За лица - ниту едно лице, ниту еден човек, ниту еден од луѓето.
Англиски:
nobody
Никој не дојде.
Никој не ме слуша.
Никој не го знае тоа.
Никој тука не живее.
Никој не видел никого.
Не се сретнал со никого.
Не верува никому.
Тоа никому не му треба.
Спротивно од:
секој (зам.)
2.
ниеден, никаков
Англиски:
none
Во никој закон не го пишува тоа.
Во никој случај.
Од никоја душа за него молитва нема.
Никоја од девојките не остануваше подоцна.
Никое од децата не сакаше да се вратиме.