консеквенција
мн. консеквенции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 23180
1.
Суд, заклучок што логично произлегува од некоја претпоставка.
Англиски:
consequence
Албански:
konsenkuencë
Од сето ова можат да се изведат некои теориски консеквенции.
Слично со:
заклучок (м.)
2.
доследност, консеквентност
Англиски:
consequence
Албански:
konsekuent
Не знам дали железната консеквенција е најголема човечка одлика.
Слично со:
доследност (ж.)
3.
последица
Англиски:
consequence
Албански:
pasojë
Сам треба да ги сноси консеквенциите.
Слично со:
последица (ж.)