институционализам

институционализмот
Вид збор: Именка, машки род
1. Правец во американската политичка економија што го истакнува влијанието на општествените институции врз економското однесување на луѓето.
Англиски: institutionalism Албански: institucionalizëm
2. Приврзаност кон институциите и кон власта.
Англиски: institutionalism Албански: institucionalizëm
Примери:
Тој е олицетворение на институционализмот, тој ги поседува сите познати особина на селската власт.