заграби

заграбат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15449
1. Зграби, зграпчи, земе нешто во заграб.
Англиски: grab Албански: rrëmbej
Примери:
Не можев да го заграбам купот партали.
Тој заграби сено и им тури на маските.
2. Грабне, присвои, земе нешто сосила.
Англиски: grab Албански: rrëmbej
Примери:
Го заграбиле езерото како да е нивно.
Ги заграбил сите убави ниви и лозја.
3. прегрне
Англиски: embrace Албански: përqafojë
Примери:
Тој го заграби детето и го притисна кон себе.
Ја сврте со лицето кон себе и ја заграби цврсто.
Изведенки
1. заграбува несв.
заграбуваат
2. заграбување ср.
глаг. им.