голобрад
голобрадиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 24045
1.
Што е без брада.
Како и да е, голобрадиот фудбалски ас вели дека примарна цел му е актуелниот состав.
Јави му се на Стојков, го имаш контактот, нека ти каже што мисли за Љубе, голобрадиот војвода.
Слично со:
ќос (прид.)
2.
За момче - што е млад, неискусен.
Англиски:
whippersnapper
Голобрадото момче беше занесено во своите пеперутки.
Слично со:
неискусен (прид.)