конвој

мн. конвои
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 24567
1. Вооружена придружба при транспорт на луѓе, пари, предмети.
Англиски: convoy Албански: konvoj
Употреба: Воен термин
Примери:
Конвојот со затвореници замина.
2. Привремено спојување бродови, транспортни средства и други единици што се движат под заштита.
Англиски: convoy Албански: konvoj
Употреба: Транспорт
Примери:
Направија конвој околу бродот.
3. Воени бродови и авиони што придружуваат транспортни и трговски бродови заради заштита.
Англиски: convoy Албански: konvoj
Употреба: Воен термин
4. Група возила што се движат заедно.
Англиски: convoy Албански: konvoj
Употреба: Транспорт