колак

мн. колаци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 42463
1. Колач, погача (обично со неа се кани на свадба).
Англиски: cake Турски: kolak Албански: kulaç, pogaçe
Употреба: Гастрономија
Примери:
Дојде попот да го сече колакот на славата.
2. Обрач во облик на ѓеврек, направен од шајак исполнет со парталчиња, што cе става на глава кога се носи нешто.
Англиски: ring Албански: hallkë koke
3. Ортома, јаже, црево за полевање и сл. свиткани, собрани во круг.
Англиски: rope Албански: rrotull
Примери:
Гледам врз колаците дебели јажиња што ми заприлегаа на змии.
4. клопче
Англиски: roll Албански: lëmsh
Примери:
Ја свиткува рогозината на колак.
Колакот змија станува и се виши нагоре.
Изведенки
колак прид.
крив, свиен
Пример: Колак сабја - крива сабја.