квалификуван

квалификувани
Вид збор: Придавка
Ранг: 19417
Што има соодветни квалификации, што има потребно знаење, школска, стручна подготовка, што е оспособен, стручен за нешто.
Англиски: qualified
Примери:
Подоцна самиот призна дека е квалификуван тутунски работник.
Изрази
Квалификуван труд - што бара специјална и долготрајна подготовка.
Квалификувано мнозинство - мнозинство што се добива при избори според пропишана норма, обично cо две третини или три четвртини од бројот на глаcовите.