кабинет

мн. кабинети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3639
1. Работна соба; службена просторија.
Англиски: cabinet. Албански: kabinet
Примери:
Се плашеше да влезе во својот работен кабинет.
На два часа пред ручекот тој влегуваше во својот кабинет.
Министерски кабинет.
2. Просторија, посебно опремена за вршење на определена дејност (во научни установи, болници, училишта).
Англиски: cabinet. Албански: kabinet
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Кабинет по биологија.
Рендгенски кабинет.
3. Министерски совет.
Англиски: cabinet. Албански: kabinet
Употреба: Дипломатија
Примери:
Кабинетот треба да се произнесе за тие економски прашања.