институција

мн. институции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1657
1. Установа, завод, орган на власта, научен или образовен центар.
Англиски: institution Албански: institucion
Употреба: Административен термин
Примери:
научна институција
културна институција
здравствена институција
2. Општествена форма регулирана со закон во која стапуваат луѓето вршејќи определена дејност.
Англиски: institution
Употреба: Правда
Примери:
брачна институција
Семејството како институција.