инфицира

инфицираат; инфицирајќи; инфициран
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 19447
1. Предизвика, предизвикува инфекција, зарази, заразува.
Англиски: infect Албански: infekton
Употреба: Медицина
2. (се инфицира) се зарази
Англиски: infect Албански: infektohet
Употреба: Медицина
Примери:
Со вирусот на грипот се инфицирале многу граѓани.
Изведенки
инфицирање ср.
глаг. им.