има
имаат; имам, имаме, имајте; имав, имал, имало, имаше, имавме, имале; имаа; имајќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 17
Примери:
Примери:
Примери:
Слично со:
поседува (несв.)
5.
Се одликува со нешто, со некоја особина.
Примери:
Има смелост.
Има волја.
Има авторитет.
Има среќа.
Има дарба.
Има страв.
Слично со:
поседува (несв.)
6.
Е во некаква состојба.
Примери:
Има температура.
Има главоболка.
Има грип.
Има грижи.
7.
Е во роднинска врска.
Примери:
Има брат.
Има снаа.
Има семејство.
8.
Е во близок однос или во некаква врска со некого или со нешто.
Примери:
Има пријатели.
Имам добар учител.
Има куќна помошничка.
Имаме ново училиште.
Имам трамвај во близината.
9.
Редовно или повремено добива, прима нешто.
Англиски:
have
Албански:
rregullisht
Има плата.
Има пензија.
Има хонорар.
Има добри примања.
Има пошта секоја недела.
Слично со:
прима (несв.)
10.
Е изразен во определена мера.
Примери:
Има пет литри.
Има седум метри.
Има девет години.
11.
Во состав со предлогот „за“ и глаголска именка.
Примери:
Имам за учење.
Што имате за домашна работа?
Имаме уште многу за копање.
12.
Е на располагање, суштествува.
Примери:
Има ли нешто?
Има време.
Има многу народ.
Имало правда.
Има бог.
Има спас.
Во тоа има нешто.
13.
Во одделни изрази со да - конструкција означува постоење или можност за извршување на дејството.
Примери:
Има што да работи.
Има кого да праша.
Има каде да купи.
Има со кого да се врати.
14.
За изразување строга заповед или цврста решеност.
Примери:
Има да одиш и да нејќеш.
Има да го купам, па и сите пари да ги дадам.
15.
Како помошен глагол (во сложени форми од типот: има купено, имаме купено, имал купено итн.) ги означува временските и начинските категории на дејството означено со глаголската придавка.
Примери:
Таа книга и јас ја имам купено.
Имам дојдено многупати кај нив на гости.
16.
(преод.) Сака некого, почитува, го чувствува близок.
Англиски:
consider
Албански:
konsideron
Го има како татко.
17.
(се има) се сакаат, се почитуваат
Примери:
Се имаме како сестри.
Изрази
(ирон.) (Ќе) има да зема - нема да добие ништо.
Има три чисти - смее да стори нешто.
Има црно на бело - има писмени докази за нешто.
Што има, што нема - што има ново, што се случува.