или

Вид збор: Сврзник
Ранг: 24
1. За поврзување зборови или зборовни состави при што едната можност ја исклучува другата.
Англиски: or
Примери:
смрт или слобода
ние или тие
Тој пие вино или ракија.
Дај ми вода или сок.
Нашата држава ја чека правна криза или транзиција.
2. За поврзување реченици меѓу кои се развива разделен однос, притоа преку него се воведува алтернатива или поинаква можност.
Англиски: or
Примери:
Тој ќе седи со часови замислен или ќе оди да ја види.
Не можеше да дојде или не сакаше да пее, тоа никој не го знае.
3. За појаснување или за воведување соодветник при именувањето на лице, на предмет или на дејство.
Англиски: or
Примери:
Подметот или субјектот во реченицата може да биде испуштен.
Базата или основата е добра.
Скопје или градот на солидарноста.
Адаптирањето или преуредувањето нѐ чинеше скапо.
4. Со лексички конкретизатори: За нагласување и за објаснување поинаква можност, заедно со: пак, можеби, барем и сл.
Англиски: or
Примери:
Тоа е најдоброто од нас или можеби грешам.
Таа може да поседи или барем да остане уште малку.
Апелирам или пак повикувам на вашата свест.
5. Со лексички конкретизатори: За засилување на појаснувањето и на воведувањето на истозначната алтернатива, заедно со: поточно, подобро и сл.
Англиски: or
Примери:
Станува збор за музичко пиратство или поточно кражба на интелектуалната сопственост.
Трансакциите, или подобро речено преодите од една во друга банка, се извршуваа за еден ден.
6. За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; повторен разделен сврзник, како алтернатива; или...или; ја...ја.
Англиски: either
Примери:
Сега мора да реши или јас или тој, тука е крајот.
Или ќе вреска од болка или ќе стега заби.