иднина

(едн.) иднината
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 537
1. Време што ќе настапи, што претстои.
Англиски: future Албански: ardhmëri
Примери:
Блиска иднина.
Верба во иднината.
Претскажувачи на иднината.
Тој чувствуваше неодреден страв од иднината.
Борбата водена во минатиот век е борба за иднината.
2. Начин на живот во времето што настапува (за тој што ќе го доживее).
Англиски: future Албански: ardhmëri
Примери:
Безгрижна иднина.
Тој му предвидуваше голема иднина.
Светла иднина.
Беше загрижен за иднината.