змијарник

мн. змијарници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 18019
1. Змиско гнездо, место каде што живеат змии.
Албански: çerdhe gjarpëri
Примери:
Да отепаш змија од змијарник било греота.
2. Непријатна средина за работа или за живеење, со злобни, негативно настроени луѓе.
Албански: ambient i keq për punë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Бегам јас од овој ваш змијарник.