злато

(едн.) златото
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2365
1. Благороден метал со жолта боја.
Латински: Aurum (Au) Англиски: gold Албански: ar, flori
Употреба: Хемија
2. Златни пари, накит и други предмети од злато.
Англиски: treasure Албански: flori
Примери:
Сите пари ги претворил во злато.
3. Тој што има прекрасни особини, што е многу добар, благороден.
Албански: flori, alltan
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој беше злато човек.
4. Тоа што е многу добро, многу квалитетно.
Англиски: treasure Албански: flori, thesar
Примери:
Ова не е тутун, ами злато.
5. Во обраќање на галено.
Англиски: darling Албански: flori, alltan
Примери:
Ах, злато мое.
6. Обвивката на чоколадите или бонбоните од станиол (во јазикот на децата).
Англиски: tinfoil Албански: letër floriri
Изрази
Црно злато - камен јаглен.
Црно злато - нафта.
(посл.) Молчењето е злато.