збег

мн. збегови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 24461
1. Место каде што се засолнува од некоја опасност.
Англиски: shelter Албански: strehoj
Примери:
Се скрија во збегот.
шумски збег
Преплашениот народ остана по збеговите неколку недели.
2. Оние што се кријат во збег; избеган народ.
Англиски: refugee Албански: refugjat
Примери:
Збегот се повлече уште подлабоко во шумата.
3. Во пчеларството празен меѓупростор во улиште, покриен со мрежа, кој служи при пренесување на пчелите.
Албански: strehim
Примери:
При пренесување на пчелите, задолжително на секое улиште се поставуваат збегови.