застане
застанат; застани, застанам, застанете; застанав, застанаа; застанал; застанат; застанев, застанеа; застанел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 460
Примери:
Камионите застанале кај мостот.
Кога автобусот застана, тие веднаш слегоа.
3.
Сопре некого или нешто, натера да го прекине движењето.
Примери:
Група одметници го застанаа карванот.
Тие го застанаа возот.
4.
Престане, запре при вршењето на некоја активност.
Примери:
Тој застана за миг во работата, колку да запали цигара.
Таа застана на половина збор, помолче малку и пак продолжи.
5.
Престане, запре да се одвива некакво дејство.
Примери:
Мојот часовник застанал.
Колата ми застана токму на семафорот.
Слично со:
престане (св.)
6.
Запре, задржи нешто некое време во определена положба.
Примери:
Кога го отвориле гробот, здивот им застанал на сите.
Две солзи застанаа во нејзините очи.
Погледот му застана на прекрасната глетка што беше пред него.
7.
Заземе определена позиција, положба, се постави на некаков начин.
Примери:
Тој застана на чело на бригадата.
Таа застана крај вратата.
Тие застанале еден спроти друг.
8.
Заземе определен став, мислење во врска со нешто.
Англиски:
take position
Албански:
merr
Факултетот застана на ставот да се организира тој собир.
Изрази
Застане на нозе - се исправи, стане.
Застане на нозе - се извлече од некаква неволја.
Застане зад некого - поддржи некого во нешто.
Изведенки