зародок

мн. зародоци
Вид збор: Именка, машки род
1. Најраниот стадиум од развојот на организмот на човекот или на животно.
Англиски: embryo Албански: embrion
Употреба: Биологија
2. Почеток, почетна состојба, почетна појава на нешто.
Англиски: beginning Албански: fillim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Овие идеи одиграа значајна улога во зародокот на работничкото движење.