запре
запрат; запри, запрете; запрев, запрел; запрел; запрен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 683
Примери:
Примери:
Примери:
Слично со:
сопре (св.)
Примери:
Дождот ја запре жетвата на пченицата.
Студот ја запре натамошната работа на пругата.
Чадот и прашината ми го запреа дишењето.
6.
Сопре, задржи да не оди понатаму, да остане на даденото место.
Албански:
ndalë
Гостинот го запревме на ручек.
Таа ги запрела децата на поседок.
7.
Задржи дел од исплата, од пратка и сл.
Англиски:
stop
Албански:
ndërprej, pengoj
Овој месец не ми запреле членарина од платата.
Стоката ја запреа граничарите на нашата граница.
8.
За поглед, очи - задржи, насочи кон некого или кон нешто.
Албански:
fiksoj
Наеднаш очите ги запре на младичот.
Погледот му запре на прозорецот.
9.
(се запре) Престане да се движи.
Примери:
Tој се запре на прагот.
Штом навлегоа во шумата, тие се запреа.
На аголот на улицата се запре црн автомобил.
Слично со:
застане (св.)
10.
(се запре) Престане да прави нешто, прекине некое дејство.
Примери:
Додека зборуваше, тој наеднаш се запре.
Тој се запре во излагањето.
11.
(се запре) застане
Примери:
Очите му се запреа на лицето од детето.
Погледот му се запре на нејзината слика.
12.
(се запре) Се задржи на нешто, обрне поголемо внимание на нешто.
Примери:
Hа крајот од оваа глава ќе се запреме на погоре споменатиот автор и неговото дело.
13.
(се запре) Се заглави, застане нешто.
Англиски:
stuck
Албански:
ndalë, bllokohet
Во грлото му се запрела една коска од риба.
Слично со:
заглави (св.)
Изрази
Ми (ти, му...) се запре здивот - го изгуби здивот, престане да дише од страв, возбуда и сл.
Ми (ти, му...) се запре крвта - се исплаши.