забави

забават; забавил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12531
1. Прави нешто да се одвива побавно, ја намали брзината при движењето или при вршењето друго дејство.
Англиски: decelerate, slow down Албански: ngadalsoj
Примери:
Тој го забави чекорот.
Тие го забавија истоварувањето на стоката од бродот.
2. Задржи, попречи некому да стигне некаде или да направи нешто навреме.
Англиски: hamper Албански: pengoj
Примери:
Барањето нов уредник го забави појавувањето на книгата.
Денес го забавив ручекот.
3. (се забави) Се задоцни, се задржи некаде, не дојде навреме.
Англиски: delay Албански: vonoj
Примери:
Долго време се забави пред една продавница.
Тоа утро децата се забавија за на училиште.
4. разоноди
Англиски: entertain Албански: argëtohem, zbavitem