задоволи

задоволат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2876
1. Направи задоволство некому со нешто.
Англиски: satisfy Албански: kënaq
Примери:
Тие со својата работа го задоволија чорбаџијата.
Играта на нашите фудбалери ја задоволи публиката.
Во циркусот најмногу не задоволија слоновите со своите атрактивни точки.
2. Исполни, одговори на определени желби, барања, потреби и сл.
Англиски: fulfil Албански: plotësoj, përmbush
Примери:
Тој ги задоволи сите нејзини желби.
Со двојно зголемување на производството ќе ги задоволиме потребите на пазарот.
3. (се задоволи) Си исполни определено барање, потреба, желба и сл.
Англиски: satisfy Албански: kënaq, plotësoj
Примери:
Домашните фудбалери се задоволија со нерешениот резултат.