задебели

задебелат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 44754
1. Направи да биде подебел.
Англиски: fatten Албански: trashet
Примери:
Храната ги задебели свињите.
Задебели ги малку буквите.
2. (се задебели) Почне да се дебели.
Англиски: fatten Албански: fillon të trashet
Примери:
Многу си се задебелил!
Изведенки
1. задебелува несв.
(се) задебелуваат
2. задебелување ср.
мн. задебелувања
Пример: Задебелувањата на кожата од овој тип може да бидат опасни.