загризе

загризат; загризи, загризете; загризав, загрирза, загризаа; загризал; загризан; (ќе) загризев. (ќе) загризеа; (ќе) загризел; загризен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10765
1. Почне да гризе.
Англиски: bite Албански: kafshon
Примери:
Скрши големо парче од лебот и го загриза.
Жедно загризавме во резанките од лубеницата.
2. Почне да го мачи, да го тревожи нешто.
Англиски: torment Албански: mundoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Уште тогаш го загриза чувството на колебање.
Го загриза совеста.
3. (се загризе) Почне да се гризе себеси или еден со друг.
Англиски: bite Албански: kafshoj
Примери:
Се загриза невидливо за устата.
Се загризаа како кучиња.
Изведенки
1. загризува несв.
(се) загризуваат
2. загризување ср.
глаг. им.