забрише

забришат; забриши, забришете; забришав, забришаа; забришал; забришан; (ќе) забришев, (ќе) забришеа; (ќе) забришел; забришен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10539
1. Избрише нешто малку, згора-згора.
Англиски: wipe Албански: fshij pak
Примери:
Ја забриша потта од челото.
Ги забриша со ракавот насолзените очи.
Ќе си ги забришете чевлите и ќе влезете внатре.
2. (се забрише) Се избрише малку.
Англиски: wipe Албански: fshij pak
Примери:
Извади шамиче да се забрише од кафето.
Се забриша со полата од гуната.
Изведенки
1. забришува несв.
(се) забришуваат
2. забришување ср.
глаг. им.