закити

закитат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11144
1. Почне да кити.
Англиски: decorate Албански: dekoron
Примери:
Тие ја закитија елката со лампиони.
2. Накити, украси со накит и сл.
Англиски: adorn Албански: zbukuron
Примери:
Свекрвата ја закити невестата со злато.
Иконата ја закити со босилкова китка.
3. (се закити) Се накити, се украси со накит и сл.
Англиски: adorn Албански: zbukuron
Примери:
Се закити со златни ѓердани.
Изведенки
1. закитува несв.
(се) закитуваат
2. закитување ср.
глаг. им.