зад

Вид збор: Предлог
Ранг: 431
1. Местоположба од другата, задната, обратната страна на нешто.
Англиски: behind
Примери:
Зад ридот се крева густ чад.
Децата се криеја зад тарабите.
2. временска определба
Англиски: after
Примери:
Зад Илинден фатија големи горештини.
3. За искажување поддршка, поткрепа на некого или на нешто.
Англиски: behind
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се однесува така затоа што знае дека зад него е управниот одбор.
4. За искажување прикриени, привидни признаци, маскираност.
Англиски: behind
Употреба: Преносно значење
Примери:
Никој не можеше да насети дека зад милата насмевка на Јана се крие голема болка.
Ретко кој знаеше дека зад ова необично име се крие еден Македонец од Костурско.