жив

живи
Вид збор: Придавка
Ранг: 216
1. Што живее, што не е мртов; што спаѓа во животинскиот или во растителниот свет.
Англиски: alive Албански: i gjallë
Примери:
Од сите само тој останал жив.
живо суштество, жив организам
живи риби, живи растенија
жива природа
2. Што е полн со животна сила, подвижен, пргав.
Англиски: lively Албански: i gjallë
Примери:
Тоа дете е многу живо.
живи движења, жива фантазија
жив ум
3. јасен, светол, изразит, лесно восприемлив
Англиски: vivid Албански: i gjallë
Употреба: Преносно значење
Примери:
жив опис, живо раскажување
живи бои, жива слика
4. вистински, дејствителен
Англиски: real Албански: real
Примери:
жива дејствителност
жив факт, жив доказ
5. Што се доживува како да е жив.
Англиски: lively Албански: i gjallë
Примери:
жива историја, жив спомен
живо сеќавање
6. Прометен, што има многу движење, врева, шум.
Англиски: busy Албански: i gjallë
Примери:
жива улица, жив сообраќај
жив град
7. свеж, суров, неварен, непечен
Англиски: raw Албански: i gjallë, i pazier
Употреба: Гастрономија
Примери:
жив спанаќ, жива пиперка
жива зелка
8. Што е силно доживеано, силно изразено (во зборовни состави со именка).
Англиски: real Албански: e madhe
Примери:
жива срамота
жива мака
9. Сосема, наполно (во зборовни состави со придавка).
Англиски: totally Албански: i plotë
Примери:
жив гладен
жив ненаспан
Изрази
Да е (си, сте...) жив и здрав - пожелување.
Жива вар - негасена вар.
Живо влакно - долга и многу тенка глиста.
Жива вода - во народните приказни, вода од која мртов човек оживува.
Жива вода - извор.
Жива вода (се стори) - сиот се изводени, изнакисне.
Жива душа нема - нема никој.
Жив ѕид - многу луѓе како преграда, пречка, како заштита.
Жив јазик - јазик на кој се зборува, што не е мртов.
Жива мера - тежина, мерка на живо животно за продажба, не заклано.
Жива рана - отворена рана што не зарастува.
(прен.) Жива рана - голема душевна болка.
Жива сила - војска, луѓе наспрема техниката.
Живо сребро - жива.
Жив закопан - што е во многу тешка положба.
Жив вземи пропадна - доживеа голем срам, се усрами.
Жив се изеде - многу се покаја за нешто.
Жив не се стори - не покажа никакво интересирање за нешто, не покажа никаква грижа.
Ни жив ни мртов - што е многу изморен, исцрпен, премален, болен.
Сè живо - сè што се има, сè што е во прашање.
Изведенки
живост ж.
живоста