железница

мн. железници
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7997
1. Сообраќајно средство за превоз на стока и патници со единствен заеднички пат, пруга, шини и сите постројки на пругата; железнички возни средства и техничко-комерцијална организација што ги организира и регулира сите дејности во врска со тоа.
Англиски: railway Албански: hekurudhë
Употреба: Транспорт
Примери:
Работи на железница.
подземна железница
Македонски железници
2. воз
Англиски: train Албански: tren
Употреба: Разговорно , Транспорт
Примери:
Подобро ми е патувањето со железница.
3. железничка линија
Англиски: railroad Албански: linjë hekurudhore
Употреба: Разговорно , Транспорт
Примери:
Таму патот се вкрстува со железницата.