евакуира

евакуираат; евакуирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 16066
1. Пресели, преселува, пренесе, пренесува луѓе и други работи од местото што се напушта на друго место.
Англиски: evacuate Албански: evakuoj
Примери:
Екипите ги евакуираа жените и децата од градот во околните села.
Печатарските работници ги евакуираа машините.
2. (се евакуира) се пресели, се преселува
Англиски: evacuate Албански: evakuoj
Примери:
По земјотресот се евакуиравме на село.
Изведенки
евакуирање ср.
глаг. им.