домисли

домислат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 41600
1. Смисли, обмисли нешто до крај.
Англиски: think Албански: mendoj
Примери:
Не ја домислил работата како што треба.
2. Сфати, согледа нешто размислувајќи.
Англиски: comprehend Албански: kuptoj
Примери:
Сѐ што може да види, да слушне или да домисли нему му е вистинско и несомнено.
3. (се домисли) Се досети, погоди нешто.
Англиски: understand Албански: kuptoj
Примери:
Јас се домислив зошто ти ме следиш секаде.
Се мачеше да се домисли зошто таа жена ги остави своите синови.
4. (се домисли) Мисли, размисли за нешто.
Англиски: think Албански: mendoj
Примери:
Се домислуваше да се присети како се вика човекот.
Луѓето се домислуваа што да прават.
Изведенки
1. домислува несв.
(се) домислуваат
2. домислување ср.
глаг. им.