домат

мн. домати
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6673
1. Вид едногодишно градинарско растение со црвени, тркалезни и сочни, месести плодови што се користат во исхраната (за салата, сок, додаток при готвење).
Латински: Solanum lycopersicum Англиски: tomato Албански: domate
Употреба: Ботаника
Примери:
Имале големи плантажи на кои одгледувале домати.
2. Плодот на ова градинарско растение.
Англиски: tomato Албански: domate
Употреба: Гастрономија
Примери:
Летно јадење од домати и пиперки.
Кошница полна со домати.
Плодот на доматот е сочен.