дом

мн. домови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 421
1. Куќа или стан како место за живеење.
Англиски: home Албански: shtëpi
Примери:
Тој чекореше кон својот дом.
Тие добија нови домови и покуќнина.
2. Семејство, семејна заедница.
Англиски: familiy Албански: familje
Примери:
Создаде свој дом.
3. Установа, управа за некоја општествена потреба и зградата во која е сместена.
Англиски: house Албански: institucion
Употреба: Административен термин
Примери:
студентски дом
детски дом
здравствен дом
младински дом
дом на културата
4. Родно место, татковина.
Англиски: homeland Албански: vendlindje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Гореа од желба да си го посетат родниот дом.
5. Едно од двете тела што го сочинуваат собранието во некои земји.
Англиски: house Албански: dhomë
Употреба: Административен термин
Примери:
Спогодбата треба да биде одобрена и од двата дома.
Изрази
Божји (Господов) дом - црква, храм.
Вечен дом - гроб.
Законодавен дом - собрание, парламент.
Изведенки
домче ср.
мн. домчиња
дем. и хип.