долг
долги
Вид збор: Придавка
Ранг: 266
2.
лага
Примери:
Патот беше долг повеќе од една милја.
Таа просторија беше долга десетина метри.
Падна во несвест, па колку што е долг се испружи на постелата.
Му се чинеше дека оваа улица е најдолгата за која се знае.
3.
Што трае многу време, што е долготраен.
Примери:
Тоа е долга приказна.
Само еден митралез го бараше со долг рафал.
Денот им се виде подолг одошто во нивните места.
Тие чувствуваа слабост кон долгите говорења.
Во долгите зимски ноќи ветерот касаше како гладен волк.
Слично со:
долготраен (прид.)
4.
Што означува определен временски период: ден, месец, година и сл.
Примери:
Останаа долго време во водата.
Кој ќе ја поднесува зимата уште долги месеци.
Во задушните фабрички сали преживеа долги години.
Изрази
Долга магарица - вид детска игра.
Има долг јазик - многу зборува и не води сметка, не внимава што кажува.
Има долга рака - краде.
Изведенки