добрина

мн. добрини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1846
1. Особина на тој што е добар; пријателско расположение спрема луѓето, спремност за давање помош, великодушност.
Англиски: goodness Албански: mirësi
Примери:
Од лицето му избиваше добрина.
Жедно му гледаше во очите оти старецот сета своја добрина како да ја имаше во погледот.
2. Нешто што е извршено во полза на другите; добро дело.
Англиски: kindness Албански: mirësi
Примери:
Тој ни направил многу добрини.