денар

мн. денари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3181
Основна парична единица во Република Македонија.
Англиски: Denar Албански: denar
Употреба: Економија
Примери:
десет денари
сто денари
Изрази
Нема скршен денар - нема пари.
Изведенки
денарски прид.
денарскиот
Што се однесува на денарот.
Пример: Денарска противвредност.