двоен

двојни
Вид збор: Придавка
Ранг: 2939
1. Што е составен од два еднакви дела, члена или од два предмета.
Англиски: double
Примери:
Двоен прозорец.
Двојна стража.
2. Што е двапати поголем.
Англиски: double
Примери:
Двојното убиство го сторил во состојба на делумна пресметливост.
Двојна загуба.
Двојна порција.
3. Што се спроведува, што настанува на два начина.
Англиски: double
Примери:
Двојно книговодство.
Двојна природа.