дар

мн. дарови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2431
1. Она што по своја волја се дава некому.
Англиски: gift Албански: dhuratë
Примери:
Срцето ѝ го ветил за дар.
Повели, цвеќе за дар.
2. (обично во мн.) невестински подарок
Англиски: present Албански: dhuratë
Примери:
Невестата делеше дарови.
Извади свадбени дарови.
3. Природна способност, дарба, талент.
Англиски: talent Албански: talent
Примери:
Таа има вонреден дар за раскажување.
Го бие глас на дипломат со дар.
4. плод
Англиски: fruit Албански: fryt
Примери:
Господ дар и бериќет да ѝ даде!
Изведенки
дарчок м.
мн. дарчоци
дем.