датум

мн. датуми
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4276
1. Точно календарско време (ден, месец, година) на некој настан.
Англиски: date Албански: data
Примери:
На кој датум си родена?
Неговиот датум на раѓање е 5 мај.
2. Поблизок или подалечен момент во однос на времето во кое се зборува.
Англиски: date Албански: daton
Примери:
Промените во градот се од понов датум.
3. Важен настан, појава.
Англиски: date Албански: datë
Примери:
Илинденското востание е важен датум во историјата на народот.